На 16.08.2020 околу 21.00 часот на ул.„171“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Н.Т.(52) од Република Албанија.
Тој непријавено престојувал на подрачјето и го нарушил јавниот ред и мир. Н.Т. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и по целосно расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок.