Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (19 февруари) околу 15 часот и 45 минути, на улица “Гоце Делчев” во Гостивар, го лишиле од слобида А.С.(35) од Гостивар, поради сомнение дека околу 11 часот и 55 минути извршил разбојништво во маркет на улица “Драге Тодоровски” во Гостивар и со употреба на сила врз вработената во маркетот, од касата одзел пари и избегал.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.