вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен гостиварец поради приредување огномет на свадба

Приведен гостиварец поради приредување огномет на свадба

Во Полициската станица Гостивар вчеравечер приведен е 49-годишниот М.Б од гостиварското село Беловиште, а поради неовластено приредување на огномет, односно нарушување на јавниот ред и мир.

На М.Б, пред чија заедничка куќа со неговиот брат, кој организирал свадбена веселба, одземени му разновидни пиротехнички средства.

Се расчистува случајот и против М.Б. ќе следува поднесок.