Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа, во 21 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај Б.Р. (38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.
Како што соопшти МВР, Б.Р. се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.