Државјанин на Косово е приведен откако влегол во Северна Македонија преку граничен премин Јажинце со изјава дека само ќе транзитира, но по неколку часа сакал да се врати. Тој немал ни ПЦР тест и бидејќи биле изминати три часа колку што е дозволено за транзитирање, бил лишен од слобода.
– Ноќеска 8 октомври околу 3 часот во Полициската станица Тетово бил донесен и задржан 29-годишниот Џ.М. од Република Косово, кој претходно бил лишен од слобода во Полициската станица за граничен премин Јажинце, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик).Против него ќе следува соодветен поднесок, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Кривичната пријава е доставена до Обвинителството. (MИА)