Денеска (11.04.2022) во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово.
Тој се сомничи дека извршил кражба во објект на јавно претпријатие во село Проевце и во деловен објект на улица „Иво Лола Рибар“ од каде одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.