среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Куманово осуден на три ипол години казна затвор

Приведен крадец од Куманово осуден на три ипол години казна затвор

Денеска (16.09.2022) во 14:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(32) од Куманово.

Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување казна затвор од 2 години, а бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.