Ноќва (26.09.2021) во 00.15 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат од полициски службеници при извршување „тешка кражба“ во аптека.
Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.