Денеска (27.05.2022) во 11.00 часот часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(49) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.