На 07.09.2022 околу 10:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово.
Околу 10:15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово.
Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.