На улица „Моша Пијаде“ во Куманово вчера во 14.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З. (42) од Куманово.
Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот. од МВР информираа дека А.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.