четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Охрид

Приведен крадец во Охрид

На 28.12.2022 во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид.

-Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.