Полициски службеници од Одделението за крим полиција и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија четири кривични дела „тешка кражба“, извршени во периодот од 12.10. до 26.10.2022 од маркети и подруми во станбена зграда на подрачјето на Штип.
Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен А.М.(39) од Штип.
-Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР.