На 16.09.2022 во 14.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.А.(46) од Кочани.
Тој се сомничи дека утрото на 16.09.2022 на ул.„8-ми Септември“ во Кочани одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Б.Г.(42) од Кочани.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а К.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.