понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава

Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава

На 19.09.2022 на ул.„Скупи“ во Скопје, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.Ч.(32) од Скопје.

Тој бил баран со централен распис од Одделението за криминалистички работи Карпош поради сомнение за извршени повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Град Скопје.

Тој бил задржан во Полициска станица Карпош и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.