СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на 30.09.2021 на бул.„Борис Трајковски“, информира МВР.
Веднаш по извршување на делото Ш.Љ. бил лишен од слобода, а украденото било вратено на сопственикот.