На 13.09.2022 во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес.
Тој се сомничи дека помеѓу 13.45 и 14.45 часот од работилница на ул.„Илинденска“ во Велес одзел патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.П.(57) од Велес.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.