Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 21:00 часот го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес кој се сомничи дека од Градскиот зелен пазар во Велес одзел повеќе предмети.
Како што информираат од МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветна пријава.