петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец за издржување казна затвор од две ипол години

Приведен крадец за издржување казна затвор од две ипол години

Денеска (09.01.2023) во 13.40 часот на ул.„Стив Наумов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(20) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.