среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец за издржување казна затвор од три ипол години

Приведен крадец за издржување казна затвор од три ипол години

Денеска (04.08.2022) во 11.00 часот на улица „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(31) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.