Денеска (18.10.2023) во 09.45 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(31) со живеалиште во Скопје.
-Тој бил баран со потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.