понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец, фатен на дело

Приведен крадец, фатен на дело

Денеска (21.02.2023) на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.С.(53) од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување џебна кражба, при што од Е.А.(35) од Скопје, при влегување во автобус, одзел личен предмет.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.