понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец фатен на дело, одземеното вратено на сопственичката

Приведен крадец фатен на дело, одземеното вратено на сопственичката

Денеска (20.03.2023) околу 13:10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје.

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник.

Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.