вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Чегране, следува пријава

Приведен крадец од Чегране, следува пријава

Денеска (04.04.2023) околу 04.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране.

Тој се сомничи дека претходно извршил тешка кражба во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, при што одзел пари и производи.

З.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.