петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

На 09.01.2023 во 18:35 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И..

Тој се сомничи дека во спортска обложувалница на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар извршил кражба, при што од едно лице одзел личен предмет.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на неговиот сопственик С.С.(56) од Гостивар. По целосно документирање на случајот, против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок.