недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од гостиварско, кај него пронајдени кокаин и нож

Приведен крадец од гостиварско, кај него пронајдени кокаин и нож

На 17.08.2023 околу 17.30 часот на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.

Тој бил пријавен од 48-годишниот Д.Р. од Охрид дека околу 15.00 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.