петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Свети Николе

Приведен крадец од Свети Николе

На 26.10.2023 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.Б.(40) од Свети Николе.

Тој се сомничи дека во времето од 23.30 до 04.30 часот во продавница на ул. „Орце Николов“ во Свети Николе извршил кривично дело „тешка кражба“ од каде одзел пари и производи.

По комплетирање на случајот против В.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.