среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

Приведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

Денеска (10.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на ул. “Ваташа” во Битола во дом и простории кои ги користи Г.Т.(41) од Битола, при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба.

Лицето е лишено од слобода, а пронајдените предмети се вратени на сопственикот.

По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.