петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Кавадарци

Приведен крадец во Кавадарци

На 22.09.2023 во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека во периодот од 15.08.2023 до 19.09.2023 од магацин на продажен објект на мобилен оператор во Кавадарци одзел повеќе предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од одземените предмети, други предмети кои потекнуваат од кривичното дело и пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.