петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Куманово, фатен на дело- одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Куманово, фатен на дело- одземеното вратено на сопственикот
илустрација

На 10.04.2023, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово.

Тој бил затекнат при извршување кражба во двор од куќа сопственост на В.Ц.(84) од Куманово, во населба „Стари лозја“, при што одзел неколку предмети.

Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.