вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Прилеп

Приведен крадец во Прилеп

Во Прилеп на ул.„Спиро Црне“ вчера полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.М.(33) од Прилеп, кој бил затекнат при извршување на кривично дело тешка кражба во деловен објект, при што одзел повеќе предмети.

Од МВР денеска информираа дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.