среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Штип, одземеното е вратено на сопственикот

Приведен крадец во Штип, одземеното е вратено на сопственикот

На 09.08 2023 во 14:30 часот на ул.„Коле Крупишки“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип.

Тој се сомничи дека претходно на ул.„Радански пат“ во Штип одзел пари од возило на фирма за брза пошта.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.