На 26.05.2023 во 13:00 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение на сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
Имено, околу 11:00 часот на ул.“Бојмија“ пријавениот од 61- годишна скопјанка одзел златен ланец што го носела. Со него бил извршен службен разговор во кој истиот го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената.
Известен бил Јавен обвинител.
По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот ланец го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што ланецот бил одземен и вратен на оштетената.
Од страна на Судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.