понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран со потерница, осуден на шест години затвор

Приведен криминалец баран со потерница, осуден на шест години затвор

Денеска (09.11.2022) во 10.30 часот на ул.„8“ во нас.Кисела Јабука-Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(48) од Скопје.

Тој бил осуден на шест години казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и четири месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа доиздржување на казната.