Денеска (22.06.2022) во 14:30 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје.
Тој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната.