петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец од гостиварско баран со потерница за затворска казна од три години

Приведен криминалец од гостиварско баран со потерница за затворска казна од три години

Pедесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 24-годишниот А.Б.од гостиварски Балиндол.

Тој e осуден на тригодишна затворска казна за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор “Идризово” во Скопје за издржување на казната.