На 28.11.2021 во 05.25 часот во с.Студеничани,скопско од полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле М.А. (38) од с.Студеничани кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во траење од три години и 10 месеци во КПУ Идризово, а во врска со чл. 215 од КЗ на РСМ. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.