четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

На 01.08.2023 околу 11.50 часот на ул.„Втора Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода- Отсек потраги, по преземени мерки и активности го лишиле од слобода Л.Б.(46) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежното ОЈО.