На 05.04.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул. “Паца Ванчова” во Битола по распишана потерница по наредба од Основен суд Битола, приведен е П.Д.(36) од Битола.
Тој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци во Казнено поправна установа Затвор Битола.
Лицето е предадено на казнено поправната установа за издржување на казната.