среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години

Денеска (21.08.2023) во 12.35 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(46) од с.Радишани, скопско. Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.