Денеска (26.04.2023) во 14.40 часот на бул. “Трета Македонска бригада“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров-отсек потраги бил лишен од слобода К.С.(42) од Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје, а бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.297 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.