петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криумчар од Скопје, во „сканиа“ превезувал мигранти

Приведен криумчар од Скопје, во „сканиа“ превезувал мигранти

На 16.10.2023 околу 20.40 часот на локалниот пат с.Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.