петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени 10 лица мигранти

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени 10 лица мигранти

На 08.08.2023 во 20:00 часот на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Р.(20) од с.Студеничани, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Имено, околу 15:15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.

Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода.

Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.