петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет лица мигранти

Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет лица мигранти

На 03.08.2022 околу 13:30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ.(58) од Прилеп.

Во Дебар, во приколка од товарно возило, кое го управувал,  биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х.(38), двајцата од Сирија, Е.Т.(24) и И.И.(27), двајцата од Пакистан и М.Д.(20) од Авганистан.

Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка.