На 21.11.2018 година во 16:00 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лице Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.