сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен кумановец за издржување на затворска казна

Приведен кумановец за издржување на затворска казна

На 09.09.2022 во 21.50 часот во место викано „Стари лозја“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(33) од Куманово.
Тој се барал по распишана централна потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ и по наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и девет месеци.

М.М. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на затворските казни.