вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

На 19.09.2023 во 14.30 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Љ.М.(47) од Куманово.

При контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево.

Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.