Денеска (06.05.2022) околу 11:20 часот во с.Нераште, тетовско, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот Ј.Ќ. од Нераште за доиздржување на затворска казна.
Ј.Ќ. бил осуден на 15-годишна затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик и по приведувањето бил спроведен во затворот „Идризово“.