На 15.11.2022 околу 13:45 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот Е.М. од ова село.
Тој бил затекнат на локалниот пат како пренесувал огревни дрва без потребните документи.
Дрвата и моторна пила му се одземени и предадени на Шумска полиција за натамошна постапка, по што против Е.М. ќе следува соодветен поднесок.