Денеска (23.05.2022), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Сарај, скопско.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.